762
Полицијата во Албанија уапси синоќа две лица поради сомнеж дека го запалиле српското знаме во текот на вчерашните протести во Тирана, пренесуваат албанските медиуми.
Според тврдењата на албанскиот портал „Топ ченел“, уапсените лица биле спроведени до полициска станица за испрашување.
На вчерашниот протест, кој го организираше поранешниот албански премиер Саљи Бериша, а кој беше насочен против доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и одржувањето на денешниот состанок во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, беше запалено и изгазено српското државно знаме.