Уапсени двајца крадци кои нападнале и ограбиле скопјанка на мостот Гоце Делчев

by valentina 12:55
12:55

Од МВР информираат дека се уапсени двајца крадци, веднаш откако на мостот „Гоце Делчев“во Скопје, откако одзеле личен накит од скопјанка.

-На 11.04.2026 околу 15:30 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(39) и А.С.(28), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 74-годишна жена од Скопје, дека околу 13:05 часот на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, со употреба на физичка сила и го одзеле накитот што го носела.

Одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката, а по целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.

Слични вести