Битолчанец возел со 3,23 промили алкохол во крвта

by vlatko 16:13
16:13

На 07.11.2026 во 21:30 часот во паркинг простор на спортска сала „Боро Чурлевски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Х.Ј. (29) од Битола.

При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „мерцедес” со битолски регистарски ознаки управуван од Х.Ј., при што констатирано било дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 3.23 промили алкохол во крвта.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Слични вести