СВР-Битола лиши од слобода двајца битолчани кај кои била пронајдена и одземена дрога.
Првиот случај е регистриран синоќа околу 19.50 часот во Битола кога полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ќ.С.(38) од Битола затоа што при преглед кај него била пронајдена непозната грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вториот случај е регистриран исто така синоќа но во 21.20 часот во Битола, кога полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.К.(32) од Битола затоа што при преглед во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три пакувања со амфетамин.
-В.К. е приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР-Битола.