Намален е бројот на заразени и починати од вирусот во изминатите три седмици

by Fokus 12:51
12:51

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 14 до 20 декември 2020г. тестирани се вкупно 15.607 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 1,6% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 4.585 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 16,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (n=1.960; 42,7%), со неделна инциденца – 221,6/100.000.

- Advertisements -

Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 29,3% намалување од 5,5% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.343, 29,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=885; 19,3%), 30-39 (n=810; 17,7%), 40-49 (n=801; 17,5%) и 20-29 (n=509; 11,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=59; 1,3%) и 10-19 години (n=178; 3,9%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.513 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 15,1% помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 159 смртни случаи од 25 града, со намалување од 8,6% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 131 лице биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години, 8 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и три случаи од возрасната група од 30-39 години.

Поврзани новости