Корона вирусот пристигна и на Антарктикот

by Fokus

На Антарктикот се потврдени 36 случаи на Ковид-19, така што повеќе нема континент на кој корона вирусот не е присутен, јавија денеска австралиските медиуми.

Австралискиот канал Еј-Би-Си јави дека 36 Чилеанци имале позитивен тест за корона вирусот во воената база на Антарктикот, што значи дека за овој континент повеќе не важи тврдењето дека е единствен без вирусот.

Еј-Би-Си се повика на повеќе медиуми на шпански јазик кои јавија дека во понеделникот е потврдено оти 36 припадници на чилеанската армија стационирани во база на Антарктикот се позитивни на корона вирусот.

Базата се наоѓа во близина на најсеверниот врв во западниот дел на Антарктикот, далеку од австралиските бази во источен Антарктик, а австралиската дивизија на Антарктикот се обидува да ги потврди овие извештаи со чилеанските власти.

Поврзани новости