Уапсени 144 шверцери на луѓе од Централна и Југоисточна Европа во акција на Фронтекс

by fokus

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) помеѓу 3 и 13 септември спроведе меѓународна операција против сериозен и организиран прекуграничен криминал во Централна и Југоисточна Европа заедно со австриските власти.

Операцијата, позната како „EMPACT Joint Action Day (JAD) Danube“, се фокусираше на борбата против шверцување мигранти, трговија со луѓе и измама со документи.

Од Фротекс соопштуваат дека во Виена бил формиран координативен центар за поддршка на размена на информации меѓу учесниците и за водење истраги за шверцување и трговија со луѓе како резултат на операцијата.

За нешто повеќе од една недела, акцијата доведе до апсење на 144 осомничени трговци со луѓе и откривање на 6 656 илегални мигранти, 76 лажни документи и 13 украдени автомобили.

Поврзани новости