Полицијата уапсени 11 лица на возраст од 21 до 37 години, сите од Скопје под сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Апсењето е по преземени мерки и активности на Единицата за недозволена трговија при СВР-Скопје на местото викано „Маркова река“.
Кај уапсените биле пронајдени повеќе видови таблети, повеќе пакувања марихуана, хероин и други видови опојни дроги.
„Лицата биле лишени од слобода и со нив бил извршен разговор во полициска станица. По целосно расчистување на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Исто така, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси кај три лица од Скопје. При претресот кај лицата Г.Ц. (26) А.К. (21) и М.М. (32) биле пронајдени 433 таблети со натпис „Tramadol“ од 50мг, амфетамини и марихуана. Лицата биле лишени од слобода и со нив бил извршен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од полицијата.