Украдени предмети во вредност од 12.000 евра од катната гаража „Тодор Александров“

by fokus

Во катната гаража „Тодор Александров“ во Скопје е извршена тешка кражба при што се одземени предмети во вредност од 750.000 денари. Кражбата ја пријавило вчера Јавно претпријатие “Градски паркинг – Скопје”,  сопственик на објектот.

„Од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба на 30 рачки за тешка пена и триесет главни приклучоци за хидрантско црево. Сторителот делото го сторил така што откако влегол во гаражата се упатил на 2-риот и 7-миот кат од гаражата, дошол до хидрантските шкафчиња, каде со употреба на погоден предмет ги отворил и одзел наведените работи по што го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 750.000 денари. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости