Уапсена жена која со остар предмет повредила повеќе лица во Баварија

by Fokus

Повеќе лица се повредени при напад со остар предмет во Вајден ин дер Оберпфалц во германската покраина Баварија.

Очевидци пријавиле во полиција дека жена нападнала повеќе лица со предмет што наликува на меч. Полицијата соопшти дека жената е уапсена и веќе не претставува опасност за населението.

На местото на настанот има и Брза помош, која ги прегледува повредените. Засега нема повеќе детали за нападот.

Поврзани новости