Против возачот на автобусот кој се преврте во сообраќајна несреќа на кружен тек во Австралија, во која загинаа десет патници денес е поднесено обвинение.
Ројтерс претходно објави дека возачот на автобусот бил однесен во болница под полициска придружба за да биде подложен на задолжително тестирање и проценка на состојбата.
Автобусот превезувал 35 патници од свадба во руралниот дел на Австралија Хантер, кога се превртел на страна во кружен тек, при што загинале најмалку десет гости кои се враќале од свадба, а други биле повредени.
Австралискиот премиер Ентони Албанес изрази „најдлабоко сочувство“ до семејствата на загинатите и повредените.
„Сите ја знаеме радоста од одењето на свадба. Да заврши еден ваков радосен ден со толку страшни загуби и повреди е толку сурово, тажно и неправедно“, рече Албанезе.
Агенцијата наведува дека ова била најтешката сообраќајна несреќа во Австралија во последните триесет години.