Косовската опозициска партија Движење Самоопределување (ВВ) соопшти дека денеска, при излегување од Косово за Албанија, на граничниот премин меѓу двете земји, е упасен нејзиниот активист Шкелќим Морина, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според објавата на офицјалната страница на Фејсбук на ВВ, Морина е упасен на косовско-албанската граница додека заедно со сопругата патувал на одмор во Албанија.
– Државата сака да покаже дека не се повлекува од сопствените грешки (…) Тој (Морина) е упасен поради неговите поранешни политички акции, објави ВВ.
Според партијата на Албин Курти, нивниот активист е уапсен поради политички активности против „одлуки кои и од Уставниот суд на Косово се прогласени како штетни за државата“, односно поради неговите протести против формирањето на Заедницата на општините со мнозинско српско население.
– Денеска, ароганцијата на власта и игнорантскиот однос со кој властодршците одат во Брисел (на преговори со Србија) ги принудуваат граѓаните повторно да излезат на протест, се наведува во соопштението на ВВ.