755
Во текот на вчерашниот ден бил уапсен жител на Желино, поради сомнеж дека бил инволвиран во сечењето на цевките за довод на кислород во тетовската болница.
„На 30.08.2021 околу 17.00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23 овој месец.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот“, велат од МВР.