396
Полицијата во кинескиот град Харбин го уапси сопственикот на хотелот, во кој избувна пожар и загинаа 19 лица.
Пожарот, кој избувна во четирикатната зграда во туристичкиот дел Сон Ајланд во Харбин, веќе е изгаснат.
Причината за инцидентот се уште се испитува. Спасувачката операција продолжува.
Вакви трагедии се честа појава во Кина, каде правилата за заштита од пожар никогаш не се почитуваат.