338
Претседателот на Европскиот олимписки комитет (ЕОК), Патрик Хики, е уапсен денеска во Рио, пренесува ББС. Причина за апсењето е нелегална продожба за билетите за Олимпијадата.
Патрик Хики, кој е претседател на Ирскиот олимписки комитет, е обвинет за нелегално префрлање и продажба на билети за Олимписките игри кои биле наменети за одговорни лица, спортисти и спонзори.
При апсењето, претседателот на Европскиот олимписки комитет се обидел да избега во другата хотелска соба, но не успеал да и побегне на полицијата.