Турција: 38 000 затвореници на слобода, се прави место во затворите за пучистите

by fokus

Турската влада донесе декрет за пуштање на „слобода под надзор“ на дури дури 38 илјади луѓе кои издржуваат казни за разни кривични дела кои немаат врска со политика.

Ова следува по неуспешниот воен удар и масовните апсења, со кои државните затвори станаа премали за сите противници на власта. Само во изминатиов месец се приведени околу 35 илјади луѓе подари истрага за вмешаност во пучот, а десетина илјади се задржани во притвор.

Турскиот министер за правосуство Бекир Боздаг овој чекор на владата го нарече „реформа“, но со овој потег се очекува претседателот Реџеп Таип Ердоган и понатаму да ги полни затворите со приврзаници на исламскиот свештеник Фетула Ѓулен за кој тврди дека е организатор на државниот удар.

Поврзани новости