Во ДИК досега се пријавиле 6 илјади гласачи, рокот истекува в петок

by fokus

До денеска до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 6 181 граѓани од 39 502 спорни гласачи.

Најмногу граѓани со спорни записи во избирачкиот список се пријавиле во општините Чаир, Тетово, Сарај и Куманово.

Во просек, дневно се пријавуваат околу 150тина граѓани, а рокот истекува на 19-ти август. Останатите гласачи кои нема да се јават за да ги корегираат своите податоци ќе бидат избришани од Избирачкиот список.

Граѓаните кои се на списокот на спорни гласачи до петок може да се пријават лично, во подрачните единици на Државната изборна комисија, како и во канцелариите на Управата за водење на матични книги, каде ќе мора да приложат важечка лична карта или пасош.

Втора опција е пријавување на веб страницата на ДИК каде поставена е и апликација за електронско пријавување.

Поврзани новости