397
Скопјанецот А.А., кој е осомничен за убиството на Леарт Адеми, вчера вечерта бил уапсен и спроведен во Основниот суд Скопје 1. Тој е осомничен за делото „тешка телесна повреда“ со смртни последици, со предлог од скопското Основно јавно обвинителство за определување мерка притвор.
Судија на претходна постапка по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на Обвинителството, донесе одлука да го прифати предлогот и определи мерка 30 дневен притвор, информираат од скопскиот Кривичен суд.
19-годишниот Леарт Адеми, син на спортскиот новинар во Македонската радио телевизија, Сами Адеми, вчера им подлегна на повредите во болница, откако претходно бил прободен со нож во срцето.