185 тони сол фрлени на булеварите во Скопје

by Фокус

Во изминатото деноноќие, екипите на зимската служба на Град Скопје фрлиле 185 тони сол на градските улици и булевари поради ледениот дожд и за спречување на појавата на голомразица, информираат од Град Скопје.

-Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување. Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти. се вели во соопштението на Град Скопје.

Екипите на зимската служба интервенирале на критичните точки односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

Поврзани новости