Уапсен македонски државјанин

by Fokus

Македонски државјанин е уапсен на граничниот премин Морина на албанско – косовската граница, откако кај него се пронајдени непријавени 39 илјади евра и опрема за производство на криптомонети.

– Службите на граничната полиција и царината на преминот Морина, како резултат на засилените контроли, со цел спречување и сузбивање на незаконитоста, врз основа на анализа на ризик, при влез во Република Албанија, на втората линија, извршија детална контрола на возило управувано од Б.Б.(33) државјанин на Северна Македонија. При контролата, откриени се и запленети 39.000 евра кои лицето претходно не ги пријавило, како и уред за кој постои сомневање дека се користи за производство на криптомонети, соопшти албанската полиција.

Поврзани новости