Разговорот меѓу Бајден и Путин затворен за јавноста

by Fokus

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден вечерва по нешто повеќе од два часа го завршија разговорот.

Разговорот започнал околу 18.08 часот по московско време, а завршил во 20.10 часот, пренесува ТАСС.

На почетокот на видео средбата Путин и Бајден се поздравија, а американскиот претседател изразиl надеж дека наскоро ќе има лична средба.
– Ве поздравувам, господине претседателе – му рекол Путин на американскиот колега, му мафнал и се насмеал, пренесе ТАСС.

Бајден одговори дека му е „драго што го видел повторно“ и исто така мавташе со рацете.

– Мило ми е што те видов повторно. Се надевам следниот пат ќе се видиме во живо – рече Бајден.

Разговорот потоа беше затворен за јавноста.

Видео-конференцијата беше организирана преку безбедна видео врска наменета за разговори меѓу светските лидери, која за прв пат беше искористена денеска.

Путин се наоѓа во својата резиденција во Сочи, додека Бајден е во просторијата на Белата куќа наречена „Соба за состојби“, која е затворена за медиумите. Белата куќа не сподели фотографии од почетокот на средбата.

Изборот на Американците да ја имаат средбата во таа високо обезбедена просторија, во која американската извршна власт ги следи чувствителните воени интервенции, открива висок степен на тензија во Вашингтон, оценува Франс прес.

Вашингтон, НАТО и Киев ја обвинуваат Москва дека собира војници на границата со Украина и подготвува напад. Москва неколку пати го демантираше тоа и ги обвини западните земји дека ги зголемуваат тензиите со одржување на воени вежби на Црното Море.

 

Поврзани новости