Полска од 1 март ќе воведе задолжителна вакцинација за одделни сектори

by Fokus

Полска од 1 март ќе воведе задолжителна вакцинација за наставниците, медицинските работници, полицијата, армијата, пожарникарите и за лица кои работат како обезбедување.

Министерот за здравство Адам Њељски изјави дека по 1 март задолжителната вакцинација ќе биде услов за извршување на работата во наведените сектори.

Тој посочи дека Полска, поради континуираното високо ниво на дневни нови инфекции со коронавирус, ги следи Германија и Австрија во барањата за задолжителна вакцинација за овие три професионални групи.

Како што најави, од 15 декември бројот на гости во хотелите, рестораните, театрите и црквите ќе се намали на 30 отсто од сегашните 50 отсто, додека дискотеките и ноќните клубови ќе бидат затворени.

Поврзани новости