Уапсен кумановец за 12 опаковки марихуана

by Fokus

24-годишен жител на кумановското село Романовце е уапсен откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени 12 опаковки марихуана, соопштија од МВР.

„Денеска полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш.(24) од село Романовце,кумановско.При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени 12 опаковки марихуана. С.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, информираа од полицијата.

Поврзани новости