Фолк пејачот Петар Нечовски повикан на информативен разговор и пуштен, поднесена кривична пријава

by fokus

Фолк – пејачот Петар Нечовски, осомничен за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ е повика на информативен разговор од страна на охридската полиција, при што е поднесена кривична пријава против него за подметнување пожар.

„Фокус“ пред една недела ги објави обвинувањата дека Нечовски сакал да подметне пожар во студиото ИН ТВ.

– Снимките на кои јасно се гледа лицето на пироманот се доставени во полиција. Знам дека јавноста сакаше да ги види, некои веќе шпекулираат околу неговото име. Сите што прашуваат кој е човекот што се обиде да не запали, имаат право да ја знаат вистината. Се работи за фолк пејачот Петар Нечовски’’ – тврдеше Ване Петкоски, продуцент во ИН ТВ.

Од друга страна, фолк пејачот негираше и истакна дека само сакал да оди во студиото на кафе.

Поврзани новости