Ахмети: Ќе бидеме бескомпромисни во борбата против коруцијата и организираниот криминал

by Fokus

Храбро ќе бараме и ќе работиме во правец на споменатите реформи, не само во судството, туку и на други полиња и ќе бидеме бескомпромисни во борбата против коруцијата и организираниот криминал, истакна денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со европратениците Едвард Кукан и Иво Вајгл.

– Ова останува наша определба и како што вам ви го кажувам ова, им го кажав и на европратениците, за тоа да го пренесат во структурите на Европа“, изјави Ахмети. Тој им се заблагодарил на Вајгл и на Кукан за досегашната помош и за идните ангажмани во правец на интеграцијата на Македонија во ЕУ и засилувањето на реформскиот процес, особено во сферата на владеењето на правото – додава Ахмети.

Поврзани новости