Тунтев ги повика ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА да гласаат за пакетот закони, очекува блокади

by fokus

Координатор на пратеничка група на СДСМ, Томислав Тунтев, побарал поддршка од сите парламентарни групи во Собранието по итна постапка да се донесат законот за минимална плата, законот за стечајните работници и законот за укинување на радиодифузната такса. Поради локалните избори Собранието најверојатно ќе заседава најдоцна до 25 септември, па од СДСМ бараат измените на овие закони да ги поддржат и пратениците од опозицијата, како ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА, рече Тунтев.

-Искуството што го имавме со седницата за разрешување на поранешниот јавен обвинител не обврзува да бидеме внимателни и претпазливи бидејќи можно е да очекуваме нови блокади, но ја користам оваа прилика да апелирам до опозицијата за конструктивност од нејзина страна, бидејќи во овој случај единствено можеме да зборуваме за интересите на граѓаните пред партиските интереси – изјави тој.

Доколку парламентарните партии не се согласат законските измени да се донесат како предлог од координаторите на сите пратеничките групи, тогаш ќе бидат потпишани од координаторите на парламентарното мнозинство.

Пакетот закони ги опфаќаат социјално загрозените лица – работниците кои примаат минимална плата, стечајците, оние кои очекуваат евтина дневна и викенд тарифа на струјата и укинување на радиодифузната такса.

Поврзани новости