Уапсен е шефот на црногорската Управа за приходи и царина

by Фокус

Црногорската полиција го уапси директорот на Управата за приходи и царина на Црна Гора, Раде Милошевиќ, под сомнение дека е дел од организиран синџир што украл и шверцувал дел од цигарите кои државата ги запленила летово во слободната царинска зона на пристаништето Бар, наведуваат медиумите во Подгорица.

Милошевиќ и уште неколку лица се уапсени во акцијата на Специјалното полициско одделение по наредба на Специјалното државно обвинителство, поради сомнение за кривично дело создавање злосторничка организација, злоупотреба на службената положба и шверц на цигари.

Милошевиќ е избран за директор на Управата на крајот на април годинава. Инаку, тој е член на Граѓанското движење УРА на премиерот во оставка Дритан Абазовиќ.

Поврзани новости