Прв настап на Мелони по изборите: Приоритет е цената на енергенсите

by Фокус

Лидерката на победничката партија на изборите во Италија, Џорџа Мелони, која се очекува да биде идната италијанска премиерка, изјави дека идната влада ќе ги фокусира своите напори на обидот да го скроти растот на цените на енергијата.

Мелони и се обрати на јавноста на Саемот за земјоделство во Милано, првпат по денот на изборите, кога мнозинството гласови го освои коалицијата на десничарски партии, од кои најголема е нејзината „Браќа на Италија“.

Таа рече дека идната влада ќе ги фокусира своите напори на обидот да го скроти растечките цени на енергијата.

-Се уште мислам дека ова е примарна одговорност на новата влада и ние очигледно сме посветени на решавање на тој проблем – рече Мелони, која за растечката цена на енергијата ги обвини шпекулациите.

Претходно, Мелони се сретна со коалицискиот партнер и лидер на партијата „Форца Италија“, Силвио Берлускони, со кого разговараше и за цената на енергијата.

Поврзани новости