130
Кумановец (42) е приведен рано утринава откако полицијата утврдила дека возел со 1,63 промили алкохол во крвта.
– На 07.04.2026 во 01:13 часот на улица „Народна револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.П.(42) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „чироки“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,63 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.