Уапсен 60-годишник кој сакал да се соблече пред малолетник во Велес

by Fokus

Вчера попладне, 60-годишник од Велес е уапсен затоа што во парк почнал да се соблекува пред малолетник од градот, велат од МВР.

„На 01.06.2022 во 16:05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ѓ.(60) Велес, затоа што претходно во парк во Велес почнал да се соблекува пред малолетник од Велес. Во координација со Jавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додаваат од МВР.

Поврзани новости