625
Твитерџиите, веднаш по сообраќајката во скопската населба Тафталиџе, објавија сеирџиски, но ексклузивни фотографии.
Неофицијално во сообраќајната незгода учествувал Диме Спасов, дополнителен заменик министер за труд и социјална политика, за што денеска се чека потврда и од МВР, наспроти демантот што тој утрово го даде закануваќи се со тужба до медиумите што ја објавија веста.
Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов излезе со тврдење дека Спасов бил пијан и дека возилото со кое ја предизвикал несреќата било службено.