Шекеринска вети бесплатно болничко лекување и повисоки плати за лекарите ВИДЕО

by fokus

Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ денеска порача дека партијта ќе овозможи бесплатно болничко лекување и дека ќе ги зголеми платите на лекарите и на целиот медицински персонал за да овозможи добра и квалитетна здравствена заштита за секој граѓанин во земјава.

„Граѓаните на Македонија заслужуваат квалитетно и достапно јавно здравство. Затоа нашиот План за живот во Македонија презема обврска за бесплатно болничко лекување за сите граѓани. Тоа значи дека ќе ја укинеме болничката партиципација и секој граѓанин без разлика на неговата финансиска или социјална состојба да може да си дозволи болничко лекување, тогаш кога му е најпотребно, и тогаш кога има најголеми проблеми“, изјави Шекеринска.

Недостигот од лекови ќе биде минато

СДСМ, како што додаде заменик претседателката на СДСМ, нема да дозволи да продолжи праксата во која болници, клиники имаат огромен недостиг на лекови.

„Граѓаните на Македонија, имаат право да имаат квалитетен лек и дома и во болница. Поради тоа настаните којшто се случуваат на овие клиники, особено Клиниката за онкологија, мора да станат минато. Граѓаните на нашата држава мора да имаат квалитетно јавно здравство, ама тоа е невозможно ако немате доволно лекари, и доволно квалитетни лекари во јавното здравство. За да ги заштитиме, за да ги задржиме лекарите и медицинскиот персонал во јавното здравство, за да го спречиме, овој голем одлив и во приватното здравство и во странство ќе ги зголемиме платите и на лекарите и на целиот медицински персонал. На тој начин ќе овозможиме добра здравствена заштита, квалитетна здравствена заштита за секој граѓанин во Република Македонија“, додаде Шекеринска.

 

 

Поврзани новости