608
Социјалната мрежа Твитер, која го отстрани поранешниот американски претседател Доналд Трамп поради повторените повици за насилство, нема да му дозволи враќање, па дури и ако повторно биде кандидат за Белата куќа, објави финансискиот директор на компанијата.
-Според нашите правила, кога сте тргнати од платформата, тргнати сте, било да сте коментатор, финансиски директор или поранешен или актуелен политичар – рече Нед Сегал за „Си-Ен-Би-Си.