Продолжени се строгите антиковид мерки во Германија

by Фокус

Претставниците на германската федерална и покраинските влади се согласиле да ги продолжат тековните строги мерки на заклучување до 7 март, со некои отстапки, како отворање на фризерските салони од почетокот на следниот месец.

-Ситуацијата со инциденцата е подобрена од последниот состанок. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните за однесувањето со кое придонесоа за подобрување на состојбата. Но, ние сакаме дополнително да ја намалиме инциденцата и затоа ги продолжуваме тековните мерки – рече германската канцеларка Ангела Меркел по видеоконференцијата со премиерите на сојузните покраини.

Таа посочи дека во моментот приоритет е да се спречи ширењето на мутираните соеви на вирусот што се појавија во Германија.

Поврзани новости