689
Еден од осомничените за злосторничко здружување со цел местење на изборите, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во моментов со своите адвокати е во Основниот суд Скопје 1, каде чека да биде изведена пред истражен судија, објави Телевизија Шења.
Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека во првиот процес со кодно име „Титаник“ осомничени се повеќе лица, меѓу кои и поранешен министер за внатрешни работи и поранешен министер за транспорт и врски, како и секретар на Владата. За осум лица е одредена мерка притвор.