Едмонд Темелко во моментов е на распит пред истражен судија

by Фокус

Градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, во моментов е на распит пред судија за предистражна постапка. Тој е еден од осомничените во случајот „Титаник“ кој денеска го отвори Специјалното јавно обвинителство. Темелко утрово бил приведен поради опасност од бегство, бидејќи има двојно државнајнство.

По распитот, судијата на предистражна постапка ќе треба да одлучи дали ќе му одреди мерка притвор на осомничениот градоначалник, како што побара Специјалното јавно обвинителство.

Во случајот „Титаник“, Специјлното обинителство побара мерка притвор за осум лица. Меѓу осомничените во овој случај се и поранешните министри, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.

Поврзани новости