ТВ 24: Грујевски неколку пати влегол во Србија и Бугарија како Владимир Варелов

by fokus

Поранешниот началник на петтата управа во УБК, Горан Грујевски само неколку дена пред да му биде потврден притворот, неколкупати ја напуштил и влегол во државава со тајниот идентитет– дознава телевизија 24.

Тој патувал со тајниот идентитет во периодот кога бил на боледување, односно само неколку дена пред Врховен да го потврди притворот за него. Според информациите на ТВ 24, Горан Грујевски како Владимир Варелов повеќе пати влегол во Србија и Бугарија. Грујевски не го искористил тајниот идентитет откако важи мерката притвор и е распишана меѓународната потерница.

По обелоденувањето дека поранешниот началник на петтата управа во УБК поседува двоен идентитет, во медиумите беше лиферувано дека ја напуштил државава и дека е можно да се наоѓа во Босна и Херцеговина.

Поврзани новости