ВМРО-ДПМНЕ: Животот дојде само за оние со членска од СДСМ

by fokus

Животот дојде единствено за оние со членска од СДС, а останатите граѓани се запоставени, игнорирани, а непрофесионалниот однос од институциите кои тие ги плаќаат им е секојдневие, велат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-За само три месеци на дело се покажа неспособноста на владата која произлегува од поставувањето на партиски војници на место на професионалци на чело на државните институции. Вака обезглавените институции не успеаја да се справат со ниту една кризна ситуација во изминатите месеци, почнувајќи од еколошките катастрофи до шумските пожари како и целосното разорување на македонската економија која во времето на ВМРО-ДПМНЕ се движеше само во нагорна линија. Граѓаните видоа како СДС работи кога ќе ја добие власта на централно ниво, а граѓаните на малкуте општини под контрола на СДС знаат како катастрофално функционираат градоначалниците на локално ниво. СДС е во паника поради ужасниот пораз кој ги очекува на локалните избори на 15-ти октомври кој целосно ќе ја делегитимира оваа неспособна власт, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости