Газдата на „Броз кафе“ продолжил со работа и покрај забраната на УЈП, кафичот е затворен со асистенција на полицијата

by fokus

Од УЈП попладнево информираа дека поради нерегистрирање на готовинскиот промет и неиздавање на фискални сметки бил времено затворен кафичот „Броз“, но и покрај забраната, објектот продолжил со работа, по што денеска бил затворен со асистенција на полицијата.

-Во врска со вашите прашања, ве информираме дека поради утврдени неправилности во деловниот објект, односно нерегистрирање на готовинскиот промет и неиздавање на фискални сметки, донесено е времено решение со кое на даночниот обврзник му се забранува вршење на дејност во деловната просторија и изречена е глоба за сторен прекршок согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, се вели во одговорот од УЈП до Фокус.

Од УЈП додаваат дека временото решение за забрана за вршење на дејност во деловната просторија е спроведено со асистенција од Министерството за внатрешни работи, земајќи во предвид дека и покрај запечатувањето на објектот од страна на Управата за јавни приходи обврзникот продолжил да врши дејност.

Поврзани новости