Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск следната недела ќе ја посети Македонија во рамки на својата балканска турнеја, потврдија за „Мета“ од кабинетот на Туск.
– Претседателот Туск ќе биде на регионална турнеја, на која меѓудругото, ќе се разговара за имплементирањето на навремениот одговор на ЕУ на мигрантската криза во Источниот Медитеран и ќе ја разгледа ситуацијата на теренот – соопштија од кабинетот.
Во однос на посетата на Македонија од кабинетот истакнуваат дека Туск ќе има средба со претседателот Ѓорге Иванов.
– Тој ќе пренесе порака од Европскиот совет за европските перспективи на целиот регион. Тие исто така ќе разговараат и за ситуацијата во Македонија – соопштија од кабинетот на Туск додавајќи дека повеќе детали ќе бидат откриени на прес-конференцијата во Скопје.