Села: Ќе одговарам за секој детал од албанската платформа, за да прекинете да лажете

by fokus 18:20
18:20

– Подготвен сум да одговорен за секоја точка, за секој детал од декларацијата, било да има интерес од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ. Сепак, мислам дека вашата цел не е да навлезете во суштината на оваа декларација – му порача денеска Зијадин Села на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на Алијансата за Албанците рече дека Декларацијата на албанските политички партии ќе ја даде на собраниските служби да ја преведат, за ДПМНЕ да ја прочита и, како што рече Села, да прекине да го лаже народот.

-Вие сте тој кој од канцеларијата на ВМРО-ДПМНЕ го подготвувате оваа перење на мозок. Вие извадивте од контекст моја изјава, затоа што јас немам проблем со идентитетот на народите. Немојте во мојата уста да ставате ваши зборови. Никогаш не сум рекол дека Македонците се геноциден народ – рече Села.

Тој рече ВМРО-ДПМНЕ да прекине со тетатарот.

Според Димовски, албанските партии ако имале добри намери во платформата требало да вметнат две работи.

-Би било добро во таа платформа да ви текнело дека имало геноцид и врз Македонците. Затоа таа работа е на историчари, кои треба да седнат и да анализираат а не на партиите. Ја видовме сликата од Тирана. Апсолутно не смее да се дозволи премиер на држава кој има лични релации со Џорџ Сорос, требало прва реченица да биде дека упатувате апел до албанската влада да ја признае Македонија под уставното име. На овој начин таа платформа макар и таму во Тирана ја потпишале, ќе добиеше многу поголема доверба и ќе си подадевме рака- рече Димовски.

Собраниската седница е во тек.

Поврзани новости