Јавниот долг надмина 5 милијарди евра!

by fokus

Јавниот долг на Македонија официјално надмина 5 милијарди евра. Бројчаникот на сајтот Javendolg.mk вртоглаво расте секоја секунда, а во моментов изнесува 5 000 041 000 евра.

Пресметано според Бруто Домашниот Производ, јавниот долг изнесува 53, 21 отсто од БДП. Статистички, секој граѓани на Македонија има долг од скоро 2 500 евра.

Податоците од сајтот за јавен долг се проценки на база на последните официјални податоци од Министерството за финансии и Државниот завод за статистика.

Поврзани новости