761
Анкара нема да се двоуми да испрати војска и да обезбеди воена поддршка за Азербејџан доколку Баку го побара тоа, порача денеска потпретседателот на Турција, Фуат Октај. Меѓутоа, тој рече дека во овој момент не постои такво барање.
Тој исто така ја критикуваше групата ОЕБС, тврдејќи дека таа постои за проблемот да остане нерешен и да ја поддржува Ерменија политички и економски.
Во групата претседаваат Франција, Русија и Соединетите Американски Држави, а е формирана за посредство во овој судир.