Италија достигна рекордни 15.000 заразени за еден ден, Шпанија ја надмина бројката од милион

by Фокус

Италија, европската земја што прва беше погодена од пандемијата, денес забележа рекорден број од 15.199 новозаразени. Претходно, тој рекорд беше минатата недела од 11.705. Денеска, регистрирани се 127 смртни случаи, што е зголемување во однос на 89-те еден ден претходно.

Франција, пак, денеска шести пат во рок од 12 дена забележа повеќе од 25.000 нови инфекции. Бројот на хоспитализирани трет ден по ред се зголемува за повеќе од 700, што укажува на тоа дека полицискиот час што неодамна беше воведен сè уште не ги дава очекуваните резултати.

Шпанија стана првата земја во Европа која надмина милион заразени, удвојувајќи го овој показател само за шест седмици и покрај воведените рестриктивни мерки. Министерстовто за здравство на земјата која има 47 милиони жители во средата изјави за 17.000 нови случаи на коронаинфекцијата, или севкупно од почетокот на епидемијата 1.046.641 случаи на зараза.

Поврзани новости