Рамадани: НАТО треба да реагира за заканата на Каракачанов кон Македонија

by Фокус

Претседателот на Евроатланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани, ја осуди изјавата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој рече дека ќе го испрати инжинерскиот полк на бугарската армија за да ги демонтира спомениците во земјава.

-Изјавата на Каракачанов е сериозна, но и апсурдна. Бидејќи изјавата доаѓа кога и тие и ние сме членки на НАТО, има некои правила меѓу сојузниците кога вакви изјави не се прифатливи. Очекувам да реагираат и од седиштето на НАТО, па дури и генералниот секретар. Би требало да има реакција затоа што ако упатиш ваква закана кон земја сојузник тоа веќе ги надминува сите граници на однесување помеѓу членките на НАТО – рече Рамадани на Канал 5.

Поврзани новости