387
Турција привремено ќе ја суспендира Европската конвенција за човекови права, откако земјата прогласи вонредна состојба во времетрање од три месеци.
Властите објаснуваат дека со тоа го следат примерот на Франција која го направила истото по масакарот во Париз минатата година.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган пак, вели дека тримесечната вонредна состојба ќе им дозволи на властите да дејствуваат брзо и ефикасно против пучистите.
„Како врховен командант на вооружените сили, ќе се борам војската да ја исчистиме од сите вируси“, изјави Ердоган.
Вонредната состојба значи дека Ердоган може да ги суспендира законите кога сака, како и да носи сопствени декрети кога сака.