ДОМ: Ќе има избори ако власта повторно не го изигра договорот

by fokus 19:21
19:21

ДОМ денеска го поздрави постигнувањето на договор за излез од кризата и изразија верување дека ќе се создадат минимум услови за пристојни избори, доколку власта повторно не го изигра договорот.

-Веројатно повеќе не можело да се постигне со владејачка партија која секој ден измислува нов проблем, за да го стави на маса за преговарање. Токму затоа сите баравме вклучување и на други политички и граѓански субјекти, за да не биде опозицијата оставена да се бори во однос 3:1. Веруваме дека овојпат ќе има избори и дека со оглед на нараснатата граѓанска свест ќе има поголема контрола на изборниот процес и ќе се оневозможи дел од манипулациите за кои слушнавме во бомбите, се вели во соопштението на партијата.

ДОМ смета дека е добро што се суспендирани измените на Законот за внатрешни работи, како и назначувањето на функционери од МВР за истражители во обвинителството и исто така е значајно дека постои обврска за спроведување на препораките од Прибе преку собраниски расправи со работна група во која ќе бидат вклучени граѓански организации и експерти.

Поврзани новости