ВМРО-ДПМНЕ: Јанева се изживува со Владимир Талески

by fokus

Ниту постои било каква вина кај градоначалникот Владимир Талески, ниту пак тој се обиде во изминативе 30 дена да избега или да влијае на истрагата, откако по барање на Катица Јанева му беше изречена мерка куќен притвор, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ откако на Талески му беше продолжен куќниот притвор.

-Катица Јанева и послушниците на Заев се изживуваат со Владимир Талески, иако општина Битола во законска процедура плаќала по 4,2 денари од километар за ученик, а аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот партнер од Куманово Зоран Дамјановски плаќале многукратно поскап превоз, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија додаваат дека Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство вршеле политички прогон.

Поврзани новости