Сите 16 обвинети лица на кои им се судеше за обид за соборување на турската Влада за време на протестите за животна средина во Истанбул во 2013 година се ослободени, потврдија денеска набљудувачи.
Активистот за човекови права Осман Кавала (62) и единствениот обвинет кој беше зад решетки, денеска ќе биде пуштен од затвор после две години зад решетки.
Кавала, активистот за права на децата Јигит Аксакоглу и претствник на земјата во приватната фондација Бернард ван дер Лер која се занимава со разво ја децата и архитектот Муцела Јапичи, се соочуваа со доживотни казни затвор без шанса за условна казна.
На сите обвинети им се судеше за наводни улоги во протестите против плановите на владата за обнова на областа во центарот на Истанбул околу плоштадот Таксим – вклучително и уништување на една од последните зелени површини во градот во паркот Гези.
Полицијата насилно разби мирен протест со седење за спас на паркот Гези, каде властите сакаа да изградат трговски центар. Акцијата предизвикаа антидржавни протести на национално ниво, што претставуваше и најголема таква мобилизација против тогашниот премиер Реџеп Таип Ердоган.