Турскиот премиер повлече 1.500 тужби против опозиционери и новинари

by fokus 13:11
13:11

Во интервју за телевизијата СNN Турк, премиерот на Турција, Бинали Јилдирим повлекол вкупно 1.500 тужби за навреди и клевети против опозиционери, новинари и писатели.

-Ги повлекувам обвиненијата зошто сум решен соработката со опозицијата да продолжи и да се зајакнува. Проблемите можеме да ги решиме низ дијалог. Оваа земја ни припаѓа на сите нас, изјавил премиерот.

Тужбите за навреди и клевети насочени кон него или кон неговата функција биле повлечени во понеделникот.

 

Поврзани новости